Без струја утре делови од Дебар и Центар Жупа

Од:

Регионалниот Центар за управување со кризи –Дебар информираше дека во повеќе населени места во општните Дебар и Центар Жупа, утре ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Како што извести Центарот прекин во снабдувањето со електрична енергија, во периодот од 7 до 8 часот ќе има во месноста кај репетиторот на планината Стогово, потоа компанијата „Кораби редимикс“, како и компаните во неговата околна, селата Мелничани и Рајчица, хотелот „Термал“ во Косоврасти, како и стара гипсара.

Без струја ќе биде и селото Могорче и тоа во периодот од 9 до 12:30 часот, како и селото Џепиште од 11 до 13 часот.

Во општина Центар Жупа прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има во перодот од 10:15 часот до 11:15 часот, во селата Брештани, Коџаџик, Новак, Долгаш и Вапа, сите во подрачјето на Горна Жупа.

Прекнот во снабдувањето е поради изведување одредени активности, насочени кон подобрување на елекеромрежата, а со цел нормално снабдување со елетрична енергија, на дебарското конзумно подрачје, кое ги опфаќа општините Дебар и Центар Жупа, како и подрачјето на Река (општина Маврово Ростуше).

Би можело да ве интересира

Во Дебар воведени рестрикции на вода

Прегазен пешак во Дебар

А1он

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он