Без Груевски и исклучените членови, ВМРО-ДПМНЕ го слави 23 Октомври

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Македонскиот народен театар го слави празникот 23 Октомври – Денот на македонската борба. На прославата присутни се голем број од функционерите од партијата, но ги нема исклучените членови, ниту почесниот претседател Никола Груевски.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски беше пречекан со овааци и химната на партијата, а тој ќе има и свое обраќање на прославата.

Во Македонскиот народен театар, покрај Мицкоски може да се забележи и генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, како и потпретседателот Алексадар Николоски. Меѓу првите кои пристигнаа беше и поранешниот министер за правда Михајло Маневски, а тука се и Влатко Ѓорчев, Трајко Славески, Владимир Пешевски, Коце Трајановски, Тони Михајловски, Антонио Милошоски, како и Мане Јаковлески, еден од основачите на партијата.

Прославата доаѓа само еден ден по седницата на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кои разрешени од партиските функции беа градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и членот на Извршниот комитет Костадин Богданов, а исклучување од партијата беше побарано за Сашо Мијалков и Никола Тодоров.

Претходно од партијата беа исклучени и пратениците кои гласаа „За“ уставните измени во Собранието.

Ниту еден од исклучените и разрешените членови не се присутни на прославата, а помеѓу присутните не може да се забележни ни поранешниот премиер Никола Груевски.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?