Бетонската лајсна во МНР паднала бидејќи не била добро залепена

Од:

Мајсторите кои ја правеле фасадата на новата зграда на Министерството за надворешни работи, не ја залепиле лајсната од лесен бетон висока 20, а долга 50 сантиметри која вчера падна од сводот на терасата од канцеларијата на Министерот, Никола Попоски.

Трајко Трајковски директорот на АД „Бетон“ во изјава за Плусинфо рече дека некои медиуми од настанот направиле сензација.

Станува збор за толку мал проблем што тој веднаш ќе биде обновен. Некој од мајсторите не ставил доволно лепак, попуштила лајсната и паднала. Тоа е вистината, и таа ќе биде веднаш заменета – потенцираше директорот Трајковски.

Од МНР велат дека очекуваат да пристигне екипа од „Бетон“ која ќе ја замени лајсната од лесниот бетон со нова.

Голема среќа е велат од МНР, што бетонската лајсна тешка околу 35 килограми, паднала додека на терасата немало никој. Како што вчера известија од оваа државна институција, откако лајсната треснала на терасата, вработените во МНР ги фатило паника и персоналот на Министерството веднаш го алармирало и обезбедувањето. Но, по извршениот увид, е откриено дека освен лајсната немало други оштетувања во новата зграда на МНР која пред три месеци беше свечено отворена.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов