Бетонирање крак од улицата „Радански пат“ во Штип

Од:

Општина Штип продолжува со процесот на доведување на инфраструктурата во солидна состојба. Во изминатиов период се асфалтираа и уредуваа повеќе улици во градот. Денеска се наоѓаме на улицата „Радански пат“, каде се бетонира крак од оваа улица.

„Кракот којшто денеска го бетонираат екипи на ЈП „Стипион“ е со должина од сто метри, а се бетонира површина од 320 квадратни метри. Бетонирањето на овој крак чини 464.000 денари, а трошоците ги подмирува Општина Штип.

Градиме солидна инфраструктура и обезбедуваме развој и напредок на секој дел од градот. Се грижиме за нашите сограѓани и за тоа нивното секојдневие да биде олеснето и разубавено во нивно пристојно уредно опкружување“, соопштуваат од Општина Штип.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му