Бети Базиана положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба во Скопје

Од:

Бети Базиана, партнерката на грчкиот премиер Алексис Ципрас, денешната историска прва посета на премиер на Грција на нашата држава, ја искористи за да положи цвеќе на гробот на Гркот Зорба на скопските гробишта Бутел.

Базиана положи цвеќе на грбот на човекот прикажан преку зборовите на грчкиот писател Никос Казандзакис во романот „Алексис Зорбас“.

Георгиос Зорбас во 1922 година заедно со ќерката Екатерина од Солун со воз дошол во Скопје каде што останал да живее до смртта во 1941 година. Бил погребан во близина на Скопје, за подоцна неговите правнуци да ги префрлат неговите останки во семејната гробница во Бутел. аа/ац/

Фото: АНА-МПА

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски