Бесплатно летување за 250 деца од социјални семејства

Од:

На бесплатно летување денеска ќе заминат нови 250 деца од социјално ранливите категории што го обезбедува Владата преку проект на Министерството за труд и социјална политика.

Проектот, како што рече вчера премиерот Никола Груевски, континуирано се спроведува од летото 2012 година, а продолжува и годинава. – На децата кои припаѓаат на социјално загрозените семејства и децата кои се без родителска грижа да им обезбедиме бесплатно летување. Годинава заминаа 680 деца и има уште пет смени со 1.070 лица, истакна Груевски.

Со овој проект се обезбедува целосно бесплатно летување или зимување на децата од социјално загрозените семејства со што се покажува грижа за оваа категорија граѓани.

Би можело да ве интересира

Почнува летото

Горан Наумовски

Заштитете ги нозете од проширени вени во текот на летото

Горан Наумовски

Франција го има второто најжешко лето по 2003 година

А1он

Продолжува пеколниот бран, портокалова фаза и денеска

Катерина Ѓуровски

Бугарија со правила за летово: Без фен и клима уреди во сместувачките капацитети

А1он

Во Грција викендов се очекува температура до 40 степени

А1он