Бесплатно извршена успешна операција на катаракта по повод Светскиот ден на видот

Од:

Успешна операција на катаракта вчера бесплатно изврши тим во Систина Офталмологија врз 64-годишна пациентка, а по повод 9 Октомври, Светски ден на видот. Пет до 6.000 лица во Македонија годишно имаат потреба од операција на катаракта.

Ова денеска го изјави директорот на Систина Офталмологија, специјалист по офталмологија Златко Арнаудовски кој рече дека интервенцијата на катаракта се изведува како една многу лесна, брза и ефикасна метода на еднодневна хирургија која се вика фако емулзификација.

Посочи дека со низа хуманитарни активности се вклучуваат во одебележување на Светскиот ден на видот. Денеска организираат бесплатно мерење на очниот притисок во ТЦ Зебра од 13 до 16 часот, а нивни лекари специалисти ќе бидат присутни таму за консултации со сите заинтересирани во врска со очните болести.

Пациентката се заблагодари на тимот кој ја изврши операцијата.

– Сега можам да се движам без никакви проблеми. Се чувствувам добро. Подолго време имав проблеми. Првото око ми го оперираа во февруари, но другото око почна веднаш потоа да зафаќа перде. Дијабетичар сум. Проблемите се појавуваа во ноќните часови кога не можев да гледам. После операцијата можам да гледам, истакна пациентката.

Одговарајќи на новинарско прашање Арнаудовски рече дека возрасната граница почнува да се намалува, а причините за појава на катаракта кај помладите генерации треба добро да се анализираат почнувајќи од загадувањето, разните зрачења, неконтролирано користење лекови, низа болести. Додаде дека оперираат и едномесечни бебиња кои имаат вродена катаракта.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот