Бесплатно болничко лекување за пензионерите со пензии до 10.870 денари

Од:

Сите корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија во износ до 10.870 денари од 1 јануари имаат право на бесплатно болничко лекување, информира директорот на Фондот за здравствено осигурување Јован Грповски на денешната средба со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Ова право, како што истакна, ќе можат да го користат околу 120.000 пензионери што земаат потпросечна пензија, а партиципацијата за нивното болничко лекување ќе ја покрива Министерството за здравство. За таа намена од Буџетот на Република Македонија се одвоени 37 милиони денари.

– Одлуката е веќе објавена во „Службен весник“ и стапена е во сила, а Министерството за здравство ги информира сите јавни здравствени установи и приватните кои имаат склучено договор со Фондот за лимитот од 10.870 денари до кој важи услугата, изјави Грповски.

Претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери Драги Аргировски рече дека пензионерите се презадоволни од новата мерка на Владата со која покрај бесплатното користење на јавниот градски превоз и можноста за бесплатна бањска рекреација им се овозможува бесплатно болничко лекување.

– Како здружение баравме од Владата да одобри бесплатно здравство за сите пензионери со над 65 години старост, но сметаме дека оваа мерка е многу подобра од бараната. Со оваа мерка се опфатени 120.000 пензионери, а доколку се усвоеше нашето барање бенефит ќе имаа само околу 30.000 пензионери, рече Аргировски.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Велковски: Срамота е да се каже дека пет отсто е зголемување на пензиите

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов