А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бесплатни советувалиштa за откажување од пушење

by А1он23/06/2014 - 08:05220
Share0

Во сите центри за јавно здравје во Македонија од денеска првпат ќе профункционираат советувалишта за откажување од пушење. Стручен и обучен тим од доктор и медицинска сестра ќе одржува едукативни предавања во советувалиштата, а зависно од околностите, предвидена е соработка и со други кадри, како психолог.

Добивај вести на вибер

Советувањата се бесплатни. До средината на август ќе бидат достапни за лекарите, а од 20 август и за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје. Воведени ќе бидат и посебни термини за советување против пушење кај адолесцентите.

Со Програмата за работа на овие советувалишта првично се опфатени здравствените работници кои се пушачи. Се почнува со околу 100 здравствени работници, вработени во самите Центри за јавно здравје каде се спроведуваат советувалиштата, а потоа и останатите здравствени работници од сите јавни здравствени установи во Македонија со цел понатаму да можат да придонесат кон одвикнување од пушење кај нивните пациенти.

Секој Центар за јавно здравје изготвува план за работа на советувалиштето, кој ќе биде достапен на веб-страниците на центрите. Овие едукации ќе се одржуваат двапати неделно по два часа. Во Центарот за јавно здравје во Скопје, советувалиштето ќе работи во вторник и четврток од 13 до 15 часот.

Едукативните предавања во овие советувалишта се фокусирани на презентирање на штетните ефекти од пушењето врз здравјето на пушачите, но и штетните влијанија од тутунскиот чад за околината. Во рамки на предавањата е предвидено презентирање и на различните можности за одвикнување од пушењето, посочување на одредени супститути на никотинот (медикаменти, мастики, лепенки за откажување,…), како и укажување на симптомите на апстиненцијалната криза.

Предвидена е групна едукација на сите лица кои ќе ги посетуваат советувалиштата (околу 10-тина во група), како и индивидуална едукација на лицата кои ќе искажат желба и волја да се откажат од пушењето.

Според Министерството за здравство, најважно е во советувалиштата да се истакнат многубројните здравствени придобивки од откажувањето од пушењето, како намалување на крвниот притисок, подбрување на циркулацијата и функцијата на белите дробови, намалување на кашлањето и отежнатото дишење и на ризикот од срцев удар….

Веќе се изработени информативни табли, со унифициран изглед, кои ќе бидат поставени пред секој Центар за јавно здравје низ Републиката, со цел нивно лесно препознавање.

Македонија е една од 168 држави во светот, кои ја имаат ратификувано Повелбата на Светската здравствена организација–Рамковна конвенција за контрола на тутунот во 2006 година. Нашата држава во целост ги имплементира препораките од СЗО и во 2009 година беа воведени предупредувачки слики на сите производи од тутун, согласно Директивата на ЕУ од 2001 година, бр. 37.

pusenjezdravstvo

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Предраг Петровиќ16/07/2025 - 18:24

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Горан Наумовски07/07/2025 - 12:01

Франција од денес забрани пушење во паркови, околу училишта, на плажи…

Горан Наумовски29/06/2025 - 08:42

Велика Британија од денес воведува забрана за вејпови за еднократна употреба

Горан Наумовски01/06/2025 - 20:32

Кризите ги нарушуваат плановите за намалување на пушењето: 95 милиони луѓе нема да престанат да пушат

Горан Наумовски31/05/2025 - 18:11

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

Горан Наумовски27/03/2025 - 20:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен