Бесплатни прегледи за мерење на дишната функција во „Капитол мол“

Од:

Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје и Здружението на пневмофтизиолозите за граѓаните, ќе организираат бесплатни прегледи за мерење на дишната функција на светскиот ден за хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ, 21-ви ноември, кој се одбележува под мотото ,,Никогаш не е прерано, никогаш не е предоцна”.

Прегледите ќе се изведат утре во период од 11.00 до 14.00 часот во трговскиот центар „Капитол мол“ во скопската населба Аеродром.

„Овој настан е од особена важност за да се испрати порака до населението на Република Македонија за важноста на препознавањето на оваа болест. Навременото дијагностицирање и правилното лекување на оваа болест ќе го подобрат квалитетот на живот и животниот век на лицата кои страдаат од ХОББ.“, велат од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза и од Здружението на пневмофтизиолозите на Македонија

Тие додаваат дека еден од најголемите ризик фактори за појава на ХОББ е пушењето, но дека поради разни причини како начин на живеење или самата срединам, препорачливо е сите кои се во можност да се проверат на бесплатните прегледи на 21-ви.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!