Бесплатни прегледи во петок во скопската општина Аеродром

Од:

[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]Во дворот на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче во петок од 9 до 13 часот, ЈЗУ „Здравствен дом“ Скопје организира бесплатни прегледи за граѓаните.

Оваа акција, под мотото „Здравје за сите“ во соработка со Општина Аеродром, вклучува превентивни прегледи од лекар, мерење крвен притисок, гликемија, телесна тежина и височина, како и медицински совети. Тимот го сочинуваат лекар, медицинска сестра и лаборант.

Акцијата е дел од планираните активности на јавната здравствена институција, спроед програмата на Министерството за здравство, која ги опфаќа руралните средини.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови