Бесплатни курсеви за учениците од Општина Илинден

Од:

Учениците од Општина Илинден утре ќе можат да се пријават за бесплатните курсеви во рамките на Културно едукативниот центар „Илинден“, проект што Општината го реализира веќе деветта година.

Пријавувањето за курсевите ќе се врши во ОУ „Гоце Делчев“ во населбата Илинден од 9 до 11 часот, во ОУ „Ристо Крле“ во населеното место Кадино од 11 до 12.30 часот и во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци од 12.30 до 13.30 часот.

Во учебната 2013-2014 година учениците од трите основни училишта на територија на Општината ќе имаат можност да посетуваат 16 различни курсеви: курсеви по странски јазици (англиски, германски, италијански, шпански и кинески), уметност (сликарство), музика (гитара), фотографија, модерен балет, фолклор, народно пеење, драма, јога и курс за креативно пишување, а првпат оваа година и курс по јавен настап и комуникациски вештини, како и курс за личен развој и решавање конфликти.

Минатата учебна година бесплатните курсеви успешно ги завршиле над 500 ученици од основните училишта во Општината. Проектот целосно е финансиран од Буџетот на Општина Илинден.

Би можело да ве интересира

Државна делегација предводена од потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска во манастирот Прохор Пчински

Сиљановска-Давкова од Мечкин Камен: Македонската држава не е стебло без корен, таа е вкоренета во демократските и хумани визии на Гоце Делчев и неговите соборци

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Илинден нека обединува и потсетува каква држава треба да оставиме на генерациите по нас

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

Предраг Петровиќ

Бендевска наместо Гаши на Пелинце и во Прохор Пчински за Илинден

Катерина Ѓуровски