• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Бесплатни кардиолошки прегледи во Охрид по повод Неделата на хипертензија

by А1он15/05/2018 - 14:28213
Share0

Заводот за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања од Охрид активно ќе се вклучи во одбележување на Седмицата на хипертензијата или високиот крвен притисок. Предвидени се неколкудневни активности во насока на подигнување на свеста кај населението за важноста од рано откривање, превенција, навремено и правилно лекување на високиот крвен притисок како еден од најголемите ризик-фактори за срцеви, мозични и бубрежни заболувања.

Добивај вести на вибер

За таа цел утре од 10 до 14 часот во простории на Заводот ќе бидат спроведувани бесплатни прегледи реализирани од стручен тим.

– Како би опфатиле што поголема група пациенти во скрининг за хипертензија, во четврток и петок тимови на Заводот ќе посетат неколку јавни институции во Охрид, каде на вработените ќе им се врши мерење на крвниот притисок, а ќе се спроведат информативни и едукативни предавања, истакна директорот на Заводот за кардиологија Елена Коваческа – Башуроска.

Оваа година прегледи и советувања ќе се спроведат за вработените во Општина Охрид, СВР – Охрид и Територијалната противпожарна служба, додека слични активности ќе се практикуваат и понатаму во други институции, во насока на подобрување на грижата за здравјето на граѓаните на Охрид.

Загрижувачки се статистичките податоци кои укажуваат на се поголемиот број млади луѓе кои веќе боледуваат од висок крвен притисок и кои имаат потреба од соодветна терапија. Хипертензијата може да биде последица на повеќе фактори како хормонален дисбаланс, влијание има и генетската предиспозиција, но како многу значајни фактори се посочуваат неуреден начин на исхрана, намалена фузичка активност, небалансирана исхрана и лоши животни навики.

– Оттаму важноста од рано откривање на заболувањето, како не би дошло до понатамошни несакани последици, нагласи Коваческа – Башуроска.

mzohrid

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 09:2512/01/2026 - 15:02

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски09/01/2026 - 09:3309/01/2026 - 12:33

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Горан Наумовски08/01/2026 - 09:56

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Катерина Ѓуровски30/12/2025 - 08:09

Земјотрес во Охрид

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:53

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Горан Наумовски14/12/2025 - 11:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен