Бескрупулозна борба за власт

Од:

ЦИВИЛ – центар за слобода, денеска ги презентираше финалните резултати од проектот „Слободни и ненасилни избори 2013“.

Според анализата на наодите, Локалните избори 2013 се уште една потврда на фактот дека македонската политика во изминативе неколку години е доведена на ниво на високо персонализирана пресметка на лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Единствена утешна и едвај преодна оценка за изборите е дека немало физичко насилство и пресметки, но како што велат од Цивил:

„Изборите не беа ниту фер, ниту слободни, а најмалку демократски. Кампањата беше најнасилничка, а изборите највалкани до сега“.

civil (4)

Набљудувањето на изборниот процес ги вкучува медиумите, меѓуетничките односи, практиките на политичките партии и владините институции како и општата ситуација. Од Цивил велат дека проектот помогнал во смирувањето на етничките тензии и насилството кои избиле во текот на изборниот процес, а истиот бил алатка која придонела за политичкиот дијалог во услови на сериозна политичка криза во земјава.

civil (3)

„Најдоминантни теми за изборите беа етничките прашања како и купувањето гласови“, изјави Џабир Дерала, претседател на Цивил.

Интересен е и фактот дека манипулациите со закани, отказни решенија, финансиска полиција, како и стопирање на социјална помош и здравствена заштита се прекатики забележани уште пред почетокот на изборната кампања.

Неславната улога на медиумите, контролата на медиумската слобода како и пристрасноста на повеќето медиуми кои застанаа на страна на коалицијата на париите од власта ја потврдуваат состојбата на новинарството кое во Македонија се повеќе тоне.

civil (2)

„Најдалеку во пристрасноста отидоа МРТВ,иако е јавен сервис од интерес на сите граѓани, но и ТВ Сител, како и весниците Дневник и Вечер“, велат од Цивил.

Кај интернет порталите исто така можеше да се забележи пристрасноста и видливата поделба меѓу оние кои ја поддржуваат власта или опозицијата. Во извештајот стои дека порталот Курир.мк се карактеризира со апсолутен недостаток на објективност, професионализам и етика, идентично како кај Сител (од електронските) и Вечер (од печатените).

Демографската интервенција со жителите од Пустец, Албанија стои во извештајот од Цивил, е уште еден обид за да се менува етничката или оштествената ситуација во случајов со Општина Центар.

„Цивил доби пријави за жители од Пустец со долготрајно законско престојувалиште во Македонија што автоматски опфаќа поседување на важечка лична карта во општината каде им е престојувалиште, кои се фалеле дека добиле втора лична карта од Скопје“, стои во извештајот.

Дерала презентираше дел од препораките кои произлегуваат од анализата:

  • Решете ги проблемите со списокот на гласачи
  • Започнете политички дијалог во земјата
  • ДИК, обвинителството и релевантните власти да ги испитаат наводите за двојни лични карти
  • Владата треба да се увери дека постојат услови за слободно изразување и медиуми
  • Применувајте ги постојаните стандарди, закони и прописи за да се обезбеди транспарентност во сопственотса на медиумите
  • Изгответе етички кодекс/кодекс за однесување за печатените и интернет медиумите за време на изборните процеси
  • Искористете го правниот системи поднесувајте тужби против наводите за измама
  • Регулирајте го социјалниот и професионалниот статус на новинарите и медиумските работници во согласност со барањата на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници.

Темјана Поповска

Фото: Ванчо Џамбаски

Би можело да ве интересира

Креативна работилница „Обединети против насилството“

Ана Ололовска

ЦИВИЛ предлага 8 март да биде прогласен за неработен ден за сите жени во земјата

ЦИВИЛ повика на засилен мониторинг на изборниот процес

Ана Ололовска

ЦИВИЛ: Не смее да се толерира насилство врз новинарите

Наум Локоски

ЦИВИЛ го застапува правото на глас и го набљудува референдумот

Ана Ололовска

Цивил центар за слободи: Некој ги заплашува граѓаните за референдумот

Наум Локоски