Бесими во Брисел на средби со претставници на ЕК

Од:

Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими во ќе престојува во посета на Брисел, каде ќе оствари повеќе средби со претставниците на Европската комисија (ЕК).

За време на посетата предвидено Бесими е да оствари средби со Фернандо Џентилини, директор за Западен Балкан во Европската служба за надворешни работи, Пјер Вимонт, извршен генерален секретар на Европската служба за надворешни работи, како и со Александра Кас Грање, директор на Директоратот за проширување на Европската комисија.

На време на посетата Вицепремиерот Бесими ќе одржи и презентација на НПАА пред претставници на Европската Комисија како и брифинг во Центарот за Студии на Европските Политики (CEPS).

Би можело да ве интересира

Брисел и Атина против турско-либискиот договор

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви

Пирц-Мусар: Проширувањето на ЕУ сѐ уште се одвива пребавно, Словенија поддржува гласање со квалификувано мнозинство

Албанија влегува во ЕУ до 2030 година? Договорот за пристапување би можел да биде потпишан во 2028 година