(ВИДЕО)Бесими си тера по свое: На питомците на Воената академија им се обрати и на албански

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими на свеченоста по повод давање заклетва на питомците – студенти своето обраќање го говореше паралелно на македонски, но и на албански јазик.

Министерот ги игнорираше забелешките на Началникот на ГШ на АРМ, генерал – мајор Горанчо Котевски, кој во неколку наврати му потенцираше дека службениот јазик во АРМ е македонскиот.

Тоа не му попречи на министерот од редовите на ДУИ своето задоволство што се обраќа на како што рече „важен чин и чин на изразување на подготвеност за лична саможртва“ да го изрази и на албански јазик.

Дали со ова продолжува низата на несогласувања помеѓу началникот и министерот?

Котески поднесе иницијатива за дисциплинска постапка за четворицата униформирани припадници на АРМ кои го придружуваа министерот Бесими во полагањето венец на споменикот на ОНА во Слупчане. И неодамна го образложи својот став за „Белата книга“ на одбраната, како стратешки документ, која според него прво требаше да се објави на македонски јазик, а дури потоа да се преведува на албански и англиски јазик.

„Тоа е стратегиски документ, не е туристичка публикација“, изјави Котевски образложувајќи го тоа со фактот дека службениот јазик во АРМ е македонскиот.

Ниту Бесими, ниту Котевски по свечената заклетва на питомците и кандидатите со завршен прв циклус студии за офицери од родот авијација, не сакаа да дадат изјава и да одговараат на новинарски прашања.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он