А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бесими се сретна со италијанскиот колега Миланеси

by А1он19/09/2013 - 16:02102
Share0

Имајќи ги предвид резултатите постигнати во изминатиот период очекуваме напредокот соодветно да биде забележан во есенскиот Извештај на ЕК, истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, кој денеска во Рим се сретна со италијанскиот министер за европски прашања Ензо Моаверо Миланеси и со заменик претседателот на Собранието Марина Серени.

Добивај вести на вибер

Покрај тоа, нагласил Бесими, земјата ќе продолжи и со унапредување на односите со земјите од соседството и регионот при што фокусот останува на решавање на отворените билатерални прашања.

– Убеден сум дека Италија како искрен пријател на нашата земја ќе продолжи да ја поддржува европската интеграција на Македонија, рече Бесими.

На средбите, како што соопшти неговиот Кабинет, вицепремиерот се осврна на статусот на реализација на активностите поврзани со процесот на европска интеграција при што акцентот беше ставен на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво.

При тоа Бесими истакна дека во изминатиот период се покажани значајни резултати во различни области во активностите за реформи во поглед на остварувањата на обврските кои произлегуваат од Пристапниот дијалог на високо ниво.

Вицепремиерот Бесими информираше и за заклучоците и препораките од Извештајот кој го усвои ад хок Комисијата за настаните од 24 декември, како и за потпишаниот Меморандум за поддршка на членството на Република Македонија во Европската Унија, кој го потпишаа политичките партии, а кои како обврска произлегуваат од договорот од 1 Март.

На средбата стана збор и за меѓусебната соработка и областите во кои Македонија може да го искористи италијанското искуство во делот на европската интеграција.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто