Бесими се сретна со Даниел Сервер

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими во Скопје оствари средба со Даниел Сервер, познат аналитичар, универзитетски професор и поранешен директор за Балканот во Институтот за мир во Вашингтон, Соединетите Американски Држави.

На средбата, соопшти денеска Министерството за одбрана, Бесими и Сервер размениле мислења за состојбата во регионот и за процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО и во Европската Унија.

Министерот Бесими, стои во соопштението, го информираше Сервер за придонесот на Армијата на Република Македонија во меѓународните мировни мисии.

Заеднички е констатирано, се подвлекува во соопштението, дека забрзувањето на процесот на евроатлантска интеграција на Република Македонија и на другите земји од регионот е единствена алтернатива за обезбедување долгорочен мир и стабилност во регионот, што, всушност ќе доведе до зголемена перспектива за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он