Бесими се сретна со Бушати, новиот албански амбасадор во Република Македонија

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со новиот амбасадор на Република Албанија во Република Македонија Петрит Бушати.

– Соговорниците разговараа за одличната соработка која ја имаaт двете држави како и за последната посета на вицепремиерот Бесими во Албанија, каде се разгледаа можностите за зајакнување на досегашната соработка со поконкретни иницијативи во насока на размена на искуства и капацитети на неколку области како што се областа на евоинтеграцијата и ИПА фондовите, формирање и средби на работни групи на техничко ниво, воспоставување практика на регионална соработка со заеднички регионални иницијативи како и формализирање на оваа соработка со потпишување на Меморандум за Соработка, соопшти Кабинетот на вицепремиерот Бесими.

На состанокот било потенцирано дека Евроатлантската перспектива е клучна за стабилноста и развојот на регионот.

Вицепремиерот Бесими на средбата ја искористил можноста на амбасадорот Бушати да му го честита и добивањето статус на земја-кандидат за членство во Европската унија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски