Бесими: Поголема вклученост на младите во градење на европска Македонија

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со претставници на новоформираниот Национален младински совет на Македонија, кои му ги презентираа нивите цели и задачи, како и акцискиот план на работата на советот во наредните шест месеци.

Бесими изрази задоволство од формирањето на советот и им изрази поддршка од страна на Секретаријатот за европски прашања, при што разговарале за можностите за блиска соработка низ различни заеднички активности, во рамки на проект иницијативата на СЕП “South for Europe”.

-Јас верувам во потенцијалот на младите во Македонија и сакам да го искористиме најдобро што можеме. За таа цел Секретаријатот за европски прашања има политика на отворена врата за младинските иницијативи, рече вицепремиерот Бесими на состанокот, каде се договорени понатамошни состаноци за соработка.

Ивана Давидовска, претседател на Националниот младински совет на Македонија oд име на делегацијата изрази задоволство од средбата.

– Задоволни сме што сте првата владина институција која на своја иницијатива не повика на средба, и ни нуди поддршка која за нас и за сите организации членки на Националниот младински совет е од особено значење, рече Давидовска

Националниот младински совет на Македонија е чадор организација, претставничко тело на младите чија мисија е да ги претставува интересите и потребите на младите луѓе како врска со сите чинители и да обезбеди нивно вклучување и активно учество во процесот на донесување одлуки на секое ниво. Советот е основан од 55 организации – младински организации, организации за млади, сојузи и подмладоци на политички партии и се смета дека претставува чекор кон европското интегрирање на Македонија во областа на младите и младинските политики.

Би можело да ве интересира

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ

Европската Унија „преку ред“ ќе добие нова членка

Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде примена во ЕУ до 2034 година

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија создаде одреден имунитет кон западните санкции и се прилагоди на нив

Германската влада не го поддржува нацрт-буџетот на ЕУ

Македонија е подготвена да продолжи да чекори по европскиот пат со обновена национална решителност, вели Муртезани