Бесими: Настаните во Македонија го одмагаат процесот на евроинтеграции

Од:

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграции Фатмир Бесими утринава во Брисел ја започна својата дводневна посета на европските институции.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Бесими денеска се сретна со генералниот секретар на Европската служба за надворешни односи (ЕЕАС), Пјер Вимонт, како и со директорот за Западен Балкан во оваа служба, Фернандо Џентилини. Притоа, пораката од високите претставници на Европската унија била дека последните настани во однос на бојкотот на институциите од страна на опозицијата, како и протестите во однос на случајот „Монструм“ сериозно ја загрозуваат интеграцијата на Македонија во Унијата.

– На денешните средби во Европската служба за надворешни работи со генералниот секретар Пјер Вимонт и со директорот за Западен Балкан Фернандо Џентилини, главна тема беа евроинтеграциите на Република Македонија. Она што го пренесов беа заложбите на Владата дека главен политички приоритет ни е европската интеграција и нашите активности во однос на реформите од Акцискиот план. Исто така разговаравме и за значењето од забрзување на процесот на евроинтеграции, истакна вицепремиерот во изјава за МИА по средбите.

Според Бесими, тој порачал дека Владата се подготвува за претстојната средба од Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и Европската унија, што ќе се одржи следната недела во Брисел и дека сериозно се работи во однос на напредокот во тој дел и прогресот во однос на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД).

Тој посочи дека со Вимонт и Џентилини разговарале и за последните политички случувања во Македонија, а кои следеа по изборите и дека во тој поглед главна тема бил политичкиот дијалог со опозицијата и последните настани во однос на протестите во нашата држава.

– Она што беше заеднички заклучок е дека сите настани, како во однос на дијалогот со опозицијата и протестите, е дека тие одмагаат во процесот на европските интеграции на Македонија и имаат влијание. Затоа, Европската унија очекува Македонија да ги надмине овие предизвици и ние за тоа се залагаме, рече вели Бесими.

Според македонскиот вицепремиер за евроинтеграции, нашата земја треба целосно да се фокусира на евроинтеграциите и да продолжи, како што работи на реформите во однос на независноста на судството и ефективноста на институциите, така и во однос на меѓуетничките односи и целосно спроведување на Рамковниот договор.
Бесими вели дека неизбежна тема биле и добрососедските односи во однос на решавање на отворените прашања во врска со името со нашиот сосед Грција, како и на односите со Бугарија и она што тој го истакнал е дека, во однос на реформите, Владата на Република Македонија ќе работи според Акцискиот план и листата на селектирани приоритети, како што е прогрес-извештајот и заклучоците од декемврискиот Самит на Европскиот совет.

– Сепак, и Македонија очекува помош од ЕЕАС и ЕУ во целост за намалување на притисокот од страна на некои земји-членки со цел македонски напредок во евроинтеграциите, додаде Бесими.

Во текот на утрешниот ден, заменик-претседателот на македонската Влада најпрво ќе оствари средба со Александра Кас Грање, директор во Директоратот за проширување на Европската комисија, а потоа ќе има и презентација на националната програма за евроинтеграции (НПАА) пред претставници на Еврокомисијата, како и брифинг во Центарот за студии на европските политики (ЦЕПС).

Би можело да ве интересира

Медведев: Русија ќе ги гони европските дегенерици кои се обидуваат да ги запленат нашите средства

Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Горан Наумовски

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Калас: Путин нема да застане освен ако не биде принуден

Орбан: Европа мора да оди во Москва за безбедносен договор со Русија

Борел, Верхофштат и Руиз Девеса: Европа станува вазал на Америка