Бесими: Мирната и демократска атмосфера да преовладува и на денот на изборите

Од:

„Денес е последниот ден од кампањата за локалните избори во неделата.

На 15-ти октомври, граѓаните на Македонија, ќе можат да избираат помеѓу опцијата за спојување и факторизација на Демократската Унија за Интеграција со амбициозна и реална програма, и наспроти нереалните понуди без конкретна програма.

Во недела, на 15-ти октомври граѓаните на Република Македонија, ќе имаат историска шанса да ја покажат нивната политичка зрелост, поддржувајќи ја единствената понуда која гарантира напредок и социјална, економска, образовна и културна благосостојба, поддржувајќи ја понудата која гарантира силни, одржливи и конкурентни општини на сите планови.

Почитувани медиуми!
Центалниот Изборен Штаб на Демократската Унија за Интеграција, проценува дека, со мали исклучоци, ова беше една од најнапредните, најафирмативните и демократски изборни кампањи досега.

Нашите кандидати имаа една современа и прозападна кампања, овозможувајќи им на секој граѓанин директно да се запознае со нашата конкретна и амбициозна понуда.

Нашата понуда разбуди голем интерес кај сите граѓани, кои не следеа секаде, заинтересирани за проектите на нашите кандидати, кои ќе се реализираат во партнерство со граѓаните, во следниот четири-годишен мандат.

Во комплетирањето на програмата на нашите кандидати, директно учествуваа и голем број на граѓани, кои за време на секојдневните средби со нашите кандидати за градоначалници и општински советници, дадоа многу идеи и други интересни алтернативи за решавање на многу локални проблеми.

Затоа, дозволете ми прво да им се заблагодарам на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на политичката или друга припадност, кои со трпеливост и внимателност ги следеа најдобрите перформанси на кандидатите на Демократската Унија за Интеграција, и другите кандидати.

Илјадници вредни активисти на Демократската Унија за Интеграција, не поштедувајќи се себе си, овозможија нашата политичка понуда да се пробие кај мнозинството граѓани.

Кандидатите за градоначалници и општински советници, на најјасен можен начин и многу коректно, ја претставија визијата и евро-западната перспектива на Демократската Унија за Интеграција, предводена од нашиот Лидер, Али Ахмети.

Исто така, ви благодариме од срце на сите вас медиуми и почитувани новинари, што брзо и правилно известувавте за сите активности на оваа предизборна кампања, овозможувајќи им на граѓаните да ја разликуваат најдобрата можна понуда за нив.

За крај, посакуваме оваа мирна и демократска атмосфера да преовладува и во недела, на 15ти октомври, кога го очекуваме денот на прославата за сите граѓани на Република Македонија, кои со својот глас директно ќе избираат кого ќе им го доверат менаџирањето на нивната општина во следните четири години.

Ние силно веруваме, дека и овој пат, граѓаните ќе знаат да ја направат вистинската проценка, заокружувајќи го бројот 3! Ви благодарам многу!“, изјави Фатмир Бесими, шеф на Централен изборен штаб на ДУИ.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ