Бесими: Македонскиот јазик е службен во АРМ, но нема ограничувања за говорите

Од:

Македонскиот јазик, по закон, е службен во АРМ, но во однос на говорите нема ниту едно законско ограничување.

Ова во интервју за „Гласот на Америка” на македонски јазик го вели министерот за одбрана Фатмир Бесими, прашан за неговиот настап на албански јазик пред кадетите на Воената академија во Скопје.

„Во законот е јасно дефинирано дека македонскиот јазик е службен. Во однос на командата, во армијата, во пишаните наредби, се на македонски јазик. Тоа што јас сум го кажал или направил е во однос како е во говорите, каде можам да го направам, исто така на нашата веб-страница, каде исто така тоа е регулирано, и во однос на Уставот, над 20 проценти од граѓаните кои го говорат јазикот можат да го користат својот јазик. Во АРМ, албанскиот се користи кога даваат заклетва, и тоа е и во пишан документ, покрај македонскиот, и на албански јазик да ја потпишат својата заклетва. Ова не е некоја работа што воопшто не треба да се дискутира. Тоа се отворени прашања, има различни практики. Сакам да кажам дека и тој момент, кој беше пренесен во јавноста, не беше ново, туку беше повеќе како сензација. Јас не чувствував за потреба тоа дополнително да го објаснам. Тоа е познато и функционира и немаше реакција внатре во институцијата”, вели Бесими.

Во однос на тоа дали постои ли јаз меѓу него и началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија, Бесими смета дека тоа било медиумска сензација.

„Не е прв пат јас да се обраќам на албански јазик. Уште од самото мое поставување, не само како министер за одбрана, туку и за економија, во моите говори, покрај македонскиот, без да се оди на класичен превод, делови од говорот или пораки, ги читам или говорам и на албански, и на англиски, зависно од аудиториумот. Меѓутоа, и во Уставот, тие прашања се регулирани. Сепак, кога станува збор за говор, нема ниту едно законско ограничување. Една од главните уставни одредби, покрај тоа што стои дека службен јазик покрај македонскиот е тој што го зборуваат над 20 проценти, односно албанскиот, е исто така службен, регулиран со законите. Меѓутоа, има уште една друга основна одредба во Уставот – се` што не е забрането е дозволено. Мислам дека тоа беше чисто некоја сензација кој некој го искористи да го коментира во оваа фаза, но не е ништо ново. Тие што се внатре во институцијата, тоа го знаат. Во однос на релациите, министер, претседател на држава и началник на Генералштаб, тие се јасно дефинирани во законот и мислам дека доколку се почитуваат тие одредби, ние функционираме најнормално во тој аспект”, додава Бесими.

На прашањето зошто „случајот Слупчане” доби толкав публицитет, Бесими вели дека со тоа се отвори едно клучно прашање за соживотот во Македонија.

„Овие земји ги промовираат вредностите на инклузивност, почитување на различноста, меѓусебно разбирање и почитување, зајакнување на довербата. Тоа е прашање што овие 11 години по Охридскиот договор не е дискутирано во јавноста и политиката, а сепак е прашање што треба да се реши. Мислам дека тоа е главната тема што се покрена толкава дискусија во јавноста, и сметам дека е прашање за кое треба да се разговара и прашање за кое треба да се најде решение на балансиран начин. Значи, подеднакво да се почитуваат и да им се даде можноста да се интегрираат во општеството, без разлика на нивната етничка припадност. И, од конфликтот во 2001-ва, двете страни кои беа инволвирани, да имаат можност да се интегрираат во општеството, и тоа да биде еден начин да се гледа кон иднината”, вели Бесими.

 

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори