Бесими контра Владата и ГШ за полагањето цвеќе на споменикот на УЧК

Од:

Владата се огласи за вчерашното положување цвеќе од оддавање почит на споменикот на УЧК во Слупчане од страна на неколку министри во Владата од редовите на ДУИ. Владата велат,  не донела одлука ниту испратила делегација во Слупчане.

„Положувањето венец од страна на министерот за одбрана и припадници на АРМ на споменик на припадниците на ОНА претставува придонес кон процесот на помирување“, реакција на Министерството на одбрана по соопштението од Владата.

Овој процес е неопходен за Република Македонија и за нејзините граѓани, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана во врска со вчерашниот настан во Слупчане.

Потегот, се подвлекува, е политичка одлука со која воедно целосно е испочитуван Законот  за одбрана на Република Македонија и не е прекршена ниту една законска одредба.

„ За некои можеби  беше спорно и поклонувањето на министерот за одбрана Фатмир Бесими пред споменикот на загинатите припадници на АРМ од 2001 година, но тој се одлучи да одаде почит бидејќи тоа е негова должност како министер за одбрана на Република Македонија и верува дека помирување и задничкиот живот  се единствената  иднина за сите граѓани на Република Македонија“, се вели во ракцијата на Министерството .

И Генералштабот на АРМ се огради од полагањето венци во кумановското село Слупчане, од страна на министерот за одбрана Фатмир Бесими и од  неколку офицери.

„За споменатиот настан Началникот на ГШ на АРМ не беше информиран од страна на Министерството за одбрана. Лицата кои беа во придружба на Министерот за одбрана се од составот на Министерството за одбрана”, информираат од Генералштабот на АРМ.

Коалицискиот партнер на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, претходно соопшти дека  не го оправдуваат оддавањето почит на припадници на УЧК.

 

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори