Бесими: Ќе нема финансиска пречка за локалните избори

Од:

За локалните избори ќе нема финансиска пречка, а во Буџетот има средства за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими, одговарајќи на новинарско прашање за барањето од Државната изборна комисија за дополнителни средства за набавка на терминали за отпечатоци од прст за локалните избори.

Министерот Бесими денеска изјави дека одговорил на писмото од ДИК дека, како што рече, можат да ги спроведат сите постапки, доколку ценат дека можат да стасаат во временскиот рок и дека тоа е изводливо согласно со протоколите да се реализира во текот на оваа година.

– Во однос на прашањето дали се обезбедени средства за Државната изборна комисија јас одговорив на нивното писмо дека можат да ги спроведат сите постапки, доколку ценат дека можат да стигнат во временскиот рок, а исто така доколку сметаат дека согласно со протоколите тоа е изводливо да го реализираат во текот на оваа година. Значи, средства во Буџетот ќе се обезбедат за реализација на целиот проект, односно локалните избори нема да имаат финансиска пречка. Има средства во Буџетот за која било фаза во процесот како што е предвидено во Законот, рече Бесими.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ