Бесими и Волебек разговараа за застапеноста на заедниците во одбраната

Од:

Приоритетите на ОБСЕ во регионот и особено Македонија и реализираните активности на организацијата во изминатиот период во земјата, биле теми на денешната средба во Скопје на министерот за одбрана Фатмир Бесими со Кнут Волебек, висок комесар за национални малцинства при ОБСЕ.

Како што соопшти Министерството за одбрана, министерот Бесими информираше за континуираните реформски процеси во одбраната согласно стандардите на НАТО алијансата, кои се реализираат согласно предвидените планови, истовремено посочувајќи дека продолжува и процесот на унапредување на правичната застапеност на етничките заедници согласно Програмата и Акцискиот план за соодветната и правична застапеност на етничките заедници во Република Македонија. – Воедно, истакна министерот, Армијата на Република Македонија, како институција со најголема доверба кај граѓаните, претставува модел за инклузивниот пристап во едно развиено мултиетничко општество, се вели во соопштението.

За време на средбата, високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, пак, истакнал дека интеграцијата, како афирмативен аспект во мултинационалните општества е вистинскиот пат за градење меѓусебна доверба и одржлива стабилност и развој.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа има сеопфатен пристап кон безбедноста, со кој се опфаќаат политичко-воените, економските, еколошките и човечките аспекти – контрола на оружјето, мерки за градење доверба и безбедност, човекови права, национални малцинства, демократизација и сл.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори