Бесими-Хиса: Европската перспектива важен приоритет за регионот

Од:

Преземените мерки и активности од страна на Владата на Република Македонија во евроинтегративниот процес, посебно во делот на активностите од Пристапниот дијалог на високо ниво, како и во делот на унапредување на добрососедските односи, биле тема на денешната средба на вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими со амбасадорот на Република Косово во Република Македонија, Илбер Хиса.

– Република Македонија во континуитет се залага за добрата соработка и континуираниот дијалог за голем број прашања од заемен интерес со Република Косово при што се потпишани неколку билатерални документи како што се Договорот за потврдување на периодите на пензиско осигурување, Договорот за прекугранична соработка за 2011 година и Меморандумот за соработка во областа на културата, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Соговорниците ја искажаа важноста за напредокот на двете земји во евроинтегративниот процес и со цел натамошно унапредување изразија подготвеност за продлабочување на досегашната билатерална соработка и нејзино интензивирање преку размена на искуства во делот на евроинтеграциите.

Притоа вицепремиерот Бесими искажа подготвеност досегашното искуство на институциите на Република Македонија во овој процес да се пренесе и сподели со институциите на Косово, се вели во соопштението.

Бесими го поздрави и постигнатиот договор меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ при што подвлече дека овој договор ќе придонесе за унапредувањето на евро-атлантската перспектива на сите земји од регионот. Воедно, како што се наведува, тој искажа надеж дека ваквиот пристап може да биде искористен како позитивен пример и за други земји во регионот при решавање на отворените билатерални прашања.

Би можело да ве интересира

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ

Сиљановска-Давковa во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ

А1он

„Политико“: Европската унија подготвува патокази за Црна Гора, Украина, Молдавија и Албанија

А1он