Бесими ги одзема ингеренциитена ВМРО-ДПМНЕ за Слупчане?

Од:

Се разгорува ли внатрекоалициската битка? Си ги мерат ли силите кадрите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ?

Министерот за одбрана Фатмир Бесими, неделава му ги одзел надлежностите на државниот секретар Петар Есмеров, во делот на водење дисциплинска постапка против вработените во министерството, објави „Вест“.

Ова решение на Бесими е по инцидентот во Слупчане кога министерска делегација од ДУИ , но и офицери во униформи на АРМ , положија цвеќе и се поклонија на споменикот на починатите припадници на ОНА во конфликтот во 2001 година.

Овој чекор е за да може Бесими да ги заштити офицерите и војниците, против кои Есмеров повел дисциплинска постапка.

За весникот, никој, ниту ја потврдува ниту ја демантира информацијата, но објаснуваат дека министерот го раководи министерството.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он