Бесими: Да се носи униформа, не е привилегија само на мажите

Од:

Во рамки на Министерството за одбрана денеска беше конституиран Комитетот за родова перспектива и родова рамноправност чија задача е координација на планираните активности, мониторинг и евалуација на процесот на имплементација на донесените програми, како и креирање иницијативи за донесување на нови документи од областа.

Како што соопшти денеска МО, Република Македонија во насока на развој на еднаквите родови можности, како и во улога на носител на Стратешката област „Жени, мир и безбедност“ во Националниот план за акција за родовата рамноправност, прави решителни напори и презема сеопфатни активности за вклучување на родовата перспектива во одбранбената политика.

Значењето за развој на оваа област во системите за одбрана и безбедност беше потенцирано и од министерот за одбрана, Фатмир Бесими, кој присуствуваше на конститутивниот состанок на Комитетот каде ги поздарви сите нејзни членови.

Министерот Бесими посочи дека рамноправноста како една од придобивките на современието претставува гарант за искористување на целокупните потенцијали на сите индивидуи, недискриминирани по ниту една основа.

– Денес да се носи униформа, да се командува или да се биди во врвот на хиерархијата не е привилегија само на мажите, порача министерот Бесими.

Комитетот кој се состои од 26 лица, вклучува вработени во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија, како и универзитетски професори со екстензивно знаење во областа на родовата рамноправност. Имено, дел од овој комитет се деканот и продеканите на Факултетот за безбедност, проф. д-р Снежана Никодиновска Стефановска, односно доц. д-р Фросина Ташевска Ременски и доц. д-р Снежана Мојсоска. Од професорската фела, дел од овој Комитет се и професорите Лидија Георгиева и Марина Митревска од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет од Скопје.

Комитетот донесе одлука да изготви  Програма за еднакви можности на жените и мажите во МО и АРМ, како и Анализа за застапеноста на жените во одбраната и односот кон нив.

Една од основните активности е и реализацијата на Меѓународна научна конференција за родова рамноправност и родова перспектива на која ќе се вкрстат стручни и научни размислувања за начините на унапредување на родовата рамноправност, особено во едно сензитивно поле како што е одбраната и безбедноста.

Република Македонија еднаквите можности на жените и мажите ги регулира со Уставот како највисок конститутивен акт, но и со инкорпорирање на родовиот концепт во законската регулатива (Законот за еднакви можности, Законот за спречување на сите форми на дискриминација), како и со Стратешките документи за имплементирање на утврдените одредби (Националниот план за акција за родова рамноправност, Стратегија за родова заедница).

Воедно, како една од целите на Програмата за еднакви можности на мажите и на жените во Министерството за одбрана и во Армијата на Република Македонија е да се обезбеди континуиран развој во реализацијата на правото на еднаквост и создавањето на еднаквите можности, при што конкретно дефинирани задачи на краток и на среден рок се едногодишните акциски планови во кои ќе се утврдат приоритетите, начинот на нивно спроведување и предвидениот буџет, очекуваните резултати, како и квалитативно- квантитативните индикатори за постигнатиот успех.

Во рамкие на Министерството за одбрана, стои во соопштението, 37,4 проценти од вработените се припадници на женскиот пол, додека тој процент во Армијата на Република Македонија изнесува 8,6 проценти.

На Конкурсот за Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во 2012 година, од пријавените, 25,15 проценти се жени, додека вкупниот процент на застапеност на жените во Воената академија изнесува 25 отсто. Треба да се напомене и дека 25 отсто од слушателите- кадети во Центарот за обука на пилоти припаѓаат на женскиот пол. Дополнително, во јуни оваа година, при пријавувањето за доброволно служење воен рок, 4,06 проценти од пријавените беа жени, додека процентот на примени кандидати-жени изнесува 5,30 отсто.

Донесувањето на Резолуцијата 1325 на Советот на безбедност на ООН во 2000 година ги пренесе заложбите на меѓународната заедница за зголемување на учеството на жените во креирањето и развивањето на мировната и безбедносна политика. Резолуцијата повикува на целосно и пропорционално вклучување на жените на сите нивоа на донесување на одлуки, во превенција на конфликти, во пост-конфликтните состојби и изградба и одржување на мирот.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори