Движењето БЕСА во изјава за А1он реагира на говорот на Претседателот Иванов кој во своето обраќање кажа дека нема да дозволи бинационална држава и двојазичност на целата територија на Македонија.
– Македонија мора да пристапи кон редефинирање на политичкиот систем, на меѓуетничките односи и на севкупниот државен систем, каде што и албанскиот јазик ке биде официјален на целата територија на Македонија. Тоа што го има изјавено г. Иванов не е во надлежност на Претседателот на државата, рече за А1он Фатон Фазлиу, шеф на кабинетот на Претседателот на БЕСА.
Иванов во својот говор се повика на својата функција командант на вооружените сили дека ќе го прави она за што положил заклетва и дека ќе го брани суверенитетот и територијалниот интегритет.