Беса: Средбата меѓу Заев и Мицкоски остави горчлив вкус за Албанците зашто нивните претставници беа исклучени

Од:

Синоќа беше одржана средба помеѓу двајцата лидери на македонските политички партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, средба што остави горчлив вкус за сите Албанци, велат од политичката партија Беса на Биљал Касами.

„Само за потсетување, кога политичките партии на Албанците се сретнаа заедно за да разговарат за теми исклучително од етнички аспект за Албанците, средби што беа транспарентно претставени во јавноста, во тоа време во Македонија се направи толку голем проблем што некои политички експоненти го проблематизираа тој момент и го употребуваа во секојднената политичка реторика“, стои во партиското соопштение во кое се додадава дека воопшто не е транспарентно што лидерите на македонските партии самостојно се договараат за теми што се од државен, а не од етнички интерес.

За Беса, сосема е неприфатливо Албанците, односно албанските политички претставници, да не бидат вклучени во донесувањето одлуки за важни процеси кои директно влијаат на интересите на Албанците во државата.

„Исклучувањето на Албанците од консултации и донесувањето одлуки за вакви витални прашања за иднината на државата се само обид за нарушување на меѓуетничката кохезија во Северна Македонија и, за жал, се покажа дека слоганот ‘општество за сите’ подразбира целосна дефакторизација на албанскиот политички фактор и влез во нова ера, која, за жал, ги продлабочува поделбите“, сметаат од партијата на Касами.

Од таму апелираат параламентарното мнозинство да го смени својот пристап кон албанскиот политички фактор и итно да го врати дијалогот меѓу позицијата и опозицијата вклучувајќи го и албанскиот политички фактор.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата