Беса: Подобра инфраструктура и образование во Куманово

Од:

Движењето Беса, вечерва одржа митинг во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, каде пред присутните членови, симпатизери и граѓани беа промовирани кандидатот за градоначалник за Куманово, Дритон Сулејмани и кандидатите за советници.

Меѓу приоритетните проекти кои ги вети кандидатот за градоначалник од движењето Беса за Куманово, Дритон Сулејмани е и решавање на сообраќајниот метеж во Куманово со изградба на кружни токови, проширување на постоечките булевари. Тој посочи дека програмата со која настапуваат на овие избори е конкртна со проекти кои се планираат да се завршат во периодот од четири години.
– Имаме проекти од сферата на образованието, целосно реновирање на училиштата, вклучително и средните. Имаме и проекти од инфраструктурата. Предвидена е и изградба на три кружни тока на влезот од градот, вториот кај зелениот пазар и третиот кај улицата „11 Октовмри“ и сметаме дека ќе придонесеме на овој начин да се олесни движењето во Куманово“, изјави Сулејмани.

Тој нагласи дека е предвидено и продолжување на булеварот „Октовмриска револуција“ и поврзување со автопатот и со улиците кои водат кон село Лопате.

Во програмата, за младите предвидена е изградба на мултифункционали спортски терени, како и изгреаба на три детски градинки и младински културен центар.

Пред присутните зборуваа и претставници од локалниот огранок на Беса кои побараа поддршка за движењето на овие локални избори, а свое обраќање имаше и членот на раководството на партијата Африм Гаши.

Би можело да ве интересира

Во судар на три возила, повредени се двајца полицајци

ДУИ бара оставки од Исен и Садики-Шаини после скандалот во Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицкоски ги осуди скандирањата и ксенофобните испади на неколкумина во салата во Куманово

Горан Наумовски

Прво ќе се избере Народниот правобранител и претседател на ДКСК, па ќе се распишат локалните избори

Горан Наумовски

Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово

Изгаснат е пожарот на депонијата „Краста“ во Куманово