БЕСА: Корупцијата во Македонија доживува епидемски размери

Од:

Движењето БЕСА реагира на извештајот за корупција што вчера го објави Транспаренси Интернешенл (ТИ), според кој Македонија е рангирана на 90-то место на листата од 176 земји во светот, и смета – тој докажува дека во Македонија нема волја за борба и спречување на корупцијата.

„Во извештајот објавен вчера од страна на Транспаренси Интернешенл за индексот на корупцијата, уште еднаш се потврдува растечкиот тренд на корупцијата во нашата земја. Просечниот глобален резултат врз основа на овој извештај е со индекс од 43, што покажува висока корупција во јавниот сектор на една земја. Македонија стои уште полошо, односно со индекс од 37 – таа се рангира на 90-то место на листата од 176 други земји во светот. Со овој висок степен на корупција, Македонија се рангира во иста група со земјите од континентот на Африка и Јужна Америка.

Со овој извештај, уште еднаш се докажа дека во Македонија нема волја за борба и спречување на корупцијата, и понатаму се соочуваме со политички интервенции во судството и неоправдани интервенции во дневните процеси на одлучување на анти-корупцијата и судските органи. Исто така, вреди да се напомени и фактот дека медиумите и граѓанскиот сектор продолжуваат да страдаат од директни притисоци, продолжува трендот на злоупотреба на власта или на политичките партии за финансирање на провладините медиуми, како и употребата на даночните инспекции за политичка одмазда.

Според овој извештај, еден друг вознемирувачки факт е тоа што растот на корупцијата и популизмот, односно лажниот патриотизам, феномен кој е доста присутен во нашето општество, се многу тесно поврзани и се во корелација една со друга. Движењето БЕСА се ангажира за една поблиска соработка помеѓу судството, Државната Комисија за Спречување на Корупцијата и обвинителството за организиран криминал. Ние сме длабоко убедени дека департизацијата и демократизацијата на општеството се основните предуслови за една европска иднина на земјата“ стои во реакцијата од БЕСА.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Заедно со невладиниот сектор ќе се бориме против криминалот и корупцијата

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Има сомневања за сериозни злоупотреби во АД ЕСМ

Предраг Петровиќ

ДУИ бара меѓународен ветинг за високата корупција

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

Вицепремиерот за добро владеење за борбата против корупцијата зборуваше на албански и англиски, на македонски не можел да се изрази

Катерина Ѓуровски