Беса испрати до Владата предлози околу уставните амандмани

Од:

Беса на Биљаљ Касами до Владата испрати предлози за уставните амандмани.

„Поаѓајќи од фактот дека се наоѓаме во еден многу значаен и историски момент за иднината на државата, почитувајќи ги и промовирајќи ги сите основни демократски вредности на НАТО и ЕУ каде стремиме да се интегрираме, цениме дека ова е исклучително значаен момент за да преку интра-етничката и интер-етничката кохезија да ги исправиме грешките од минатото со несоодветното уредување на односите во државата посебно за одредени права на албанскиот народ односно етничка заедница во Република Македонија, а кои се пречка за демократското функционирање на институциите, меѓуетничката хармонија, стабилноста во државата, мирен живот, толеранцијата и демократските вредности“ се вели во соопштението на Беса.

Тие велат дека Уставот треба да се надгради во еден демократски устав кој ќе биде конзистентен со демократските и европските вредности на живеење, кој пред се соодветно ќе ги уреди внатрешните односи во општеството и државата и ќе биде извор на напредна и демократска држава каде бенефитите ќе ги уживаат сите граѓани и етнички заедници во Македонија.

„Ние пратениците на Движењето БЕСА во Собранието на Република Македонија му предлагаме на овластениот предлагач на уставните измени т.е Владата на Република Македонија, да при изготвување на нацрт предлогот за уставните промени кои ќе се достават во Собранието на Р.М, ги содржи и следните предлози:

1. Во делот на преамбулата, да се врати предлогот кој беше усвоен од потписниците на Рамковен договор од 2001 година, каде Македонија е дефинирана како рамноправна држава на сите граѓани.

Образложение:
Охридскиот Рамковен Договор е потпишан во 2001 година преку дијалог и компромис од сите четири политички лидери во тоа време. Содржината на преамбулата согласно Рамковниот Договорот беше тотално изменета и во постапката за уставни измени е усвоено сосема нова преамбула на уставот која е и денес во правна сила. Првичниот предлог на уставните измени од 2001 година кој е доставен до Собранието на Република Македонија е вистинскиот модел според кој треба да се изгради иднината на ова држава, како граѓанска држава, со рамноправни граѓани и етнички заедници.

Со една ваква интервенција би се гарантирале еднаквите права и обврски на сите граѓани кои живеат во Република Македонија, затоа што и моделот со кој стремиме интегрирање на државата во НАТО и ЕУ, треба да ги промовира вредностите кои произлегуваат од преамбулата која иако беше усвоена и потпишана од политичките лидери, не беше инкорпорирана во уставните измени од 2001 година.

2. Амандман V, точка 1, параграф 1, од Уставот на Република Македонија да се преформулира на следниот начин:
На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, како и албанскиот јазик и неговото латинско писмо.
Другите ставови од амандманот V да се усогласат со ставот еден (1) од Амандаманот V.

Образложение:
Со предложената промена се овозможува отстранување на пречките и дилемите кои сите овие години се злоупотребени за дневно политички цели, исто така со ова интервенција се овозможува употребата на албанскиот јазик како службен јазик, јазик кој го зборуваат голем дел на граѓаните кои живеат на територијата на Република Македонија. Со договорот од Преспа се заштитува и гарантира идентитетот и јазикот на Македонскиот народ, што за нас е неспорен факт, но од другата страна во постоечкиот устав имаме една подредена ситуација врзана за албанскиот народм во делот каде се регулира употребата на албанскиот јазик со ограничување со дефиниција на „проценти“ а не преку прифаќање на идентитетот и јазикот на албанскиот народ.

3. Член 49 од Уставот на Република Македонија да се допрецизира во насока дека Република Македонија води грижа за своите граѓани кои живеаат надвор од територијата на Република Македонија, еднакво за сите етнички заедници.

Образложение:
Диаспората е големо богатсво која ја има една држава така што сите придобивки кои доаѓаат од истата никогаш не се за само една етничка заедница, туку истите се одразуваат добро кон сите граѓани. Имајќи го предвид фактот дека диаспората активно учествувала во сите значајни процеси за државата и истата е неодвојив дел и секој обид да се фаворизира една етничка заедница, не е во согласност со демократските вредности за еднакост на сите граѓани, па така и на диаспората.

4. Член 75, параграф 3 и 4 да се преформулира на таков начин што на Претседателот на државата да не му се овозможува да ги блокира законите кои се усвоени по второ гласање во Собранието на РМ (стекнува уставни надлежности кои не му припаѓаат). По второто гласање во Собранието на Република Македонија ако Претседателот на Републиката не го потпише Указот за прогласување на законот во одреден временски рок од седум дена, тогаш Претседателот на Собранието на Република Македонија може да го потпише законот и да го упати на објавување во службен весник на РМ.

Образложение:
Свесни сме дека само во последната година Претседателот на државата во два случаеви одбил да го потпише указот за прогласување на законите иако согласно уставот беше обврзан. Со самото тоа се генерираат неповолни ситуации и институционални политички кризи, создавајќи тензична политичка клима, како што е случајот со непотпишувањето на указот за законот за јазиците или указот за усвојување на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција. Со овие интервенции во овој член на уставот би се овозможило непречено функционирање на Собранието на Р.М како највисок законодавен орган во рамките на правниот систем. “

Од Беса додаваат дека се уверени оти со корегирањето, прецизирањето и интервенцијата во предложените членови значително ќе се подобри содржината на Уставот кој ќе гарантира стабилност и долгорочен мир.

„Тоа ќе ја отсликува општествената реалност и општественото секојдневие на Република Македонија и ќе овозможи ефикасно функционирање на државните органи, што е од исклучителна важност за една држава која се стреми за интеграција во НАТО и ЕУ“ велат од Беса.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Рокас повтори дека мора да се направат уставните измени за прогрес кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза порача Писонеро

Гаши: За да почнат уставните измени треба договор и политичка волја

Катерина Ѓуровски

Уставни измени, правосудниот систем и реформите поврзани со ЕУ, главни препораки во Извештајот на Европската комисија

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски