Беса и ЛДП: Македонските граѓани заслужуваат фер и демократски избори

Од:

Заедничка заложба на движењето Беса и Либерално-демократската партија е да се обезбеди фер и демократски изборен процес на претстојните вонредни парламентарни избори.

Истовремено, двете партии бараат да се овозможи граѓаните слободно да ја изразат својата волја, без никакви притисоци и закани, како пред изборите, така и за време на изборниот ден.

Ова е заедничкиот заклучок на двете партии по денешната средба на претседателите на Беса и ЛДП, Биљал Касами и Горан Милевски.

На средбата на која учествуваа и потпретседателот на ЛДП Зоран Шапуриќ, претседателот на ЛИДЕМ, Стефан Миноски, како и членовите на централното претседателство на Беса, Ермира Асани – Салија и Африм Гаши, се разговараше за актуелната политичка состојба и за спроведувањето на договорот од Пржино, при што се заклучи дека опозицијата не смее да учествува на избори кои нема да ги исполнуваат европските стандарди и ги повикаа сите партии да дадат максимални напори во исполнувањето на потпишаниот договор.

По средбата, учесниците се договорија во иднина соработката помеѓу двете партии да се продлабочи во интерес и за заедничко добро на сите граѓани на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори