Бертолини: Засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија

Од:

Засега нема планови за отворање мигрантски кампови во Македонија, рече денеска Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Скопје, одговорајќи на новинарски прашања по завршниот настан од проектот на Агенцијата за храна и ветеринарство за поголема безбедност на храната, што се спроведуваше изминатите 18 месеци со италијанска помош.

Бертолини истакна дека иако засега такви проекти и планови нема, не е исклучено ништо со оглед дека станува збор за политика.

– Морам да бидам искрен и да ви кажам дека знам колку што знаете и вие. Засега нема планови, ниту проекти за отворање мигрантски кампови во оваа земја. Според мене, одговорот е не, но како и се друго во политиката, се е предмет на промена. Па, да видиме. Засега, нема таков план, изјави Бертолини.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски