Беровецот Александар Черговски е исчезнат три месеци, семејството моли за помош

Од:

Три месеци трае потрагата по Александар Черговски, 39 – годишно исчезнато лице од Берово. За Черговски кој живее и работи во Германија, семејството информира дека при последниот телефонски повик кој го имале со својот син тој им кажал дека тргнал од Германија за Македонија, а последен пат е регистриран од камерите на граничниот премин Табановце.

-Исчезна нашиот сакан син, девер и чичко Александар Черговски. Имено тој од Германија е излезен на 18.02 2021 год со цел да дојде во својот дом во Берово. Последна информација е дека ја преминува македонската граница и е забележан на Табановце од страна на нашите цариници, односно регистриран е од видео надзорот и пасошката контрола, но од тогаш му се губи секоја трага, информираат од семејството на Александар кое живее во Берлин.

Роднините на Александар од Берово веднаш ја алармирало полицијата за исчезнувањето, а известен е и Интерпол од страна на семејството кое живее во Берлин.

-Ги замолувам сите пријатели кои имаат било каква информација за него, да не исконтактираат со цел за негово пронаоѓање, додадоа од неговото семејство.

Од СВР Штип го потврдија случајот и рекоа дека се работи на пронаоѓање на лицето.

-По пријава на Интерпол од Германија, секторот за меѓународна полициска соработка во МВР, постапува по пријавата за пронаѓање на лицето, каде се направени контакти и проверки на неколку локации, додаде Гордана Панајотова, потпарол на СВР Штип.

Според лица блиски до Черговски, Александар на граничниот премин се симнал од автобусот и тргнал пеш во непознат правец, од каде му се губи секаква трага.

Би можело да ве интересира

Шест члена на екипажот на американски брод исчезнаа по удар на тајфун во Тихиот Океан

А1он

Продолжува потрагата по Миле Тодоров, исчезнат е веќе осум дена

Четири дена нема трага од 28-годишниот Миле Тодоров од Неготино

Тажен крај на петдневната потрага, 85-годишниот Томе е пронајден мртов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

A1on

Пресуда на 2 април за обвинетите за грабнување: Каде е исчезнатиот Самоил Костадиновски?