Беровци се организираат за помош на свој сограѓанин чија покуќнина изгоре во пожар

Од:

Жителите на Берово се организираат за помош на свој сограѓанин на кој му изгоре покуќнината во пожарот, кој завчера ја зафати неговата  куќа на улица „23 Август“. По пожарот беше организирана акција за чистење на остатоците од пожарот од страна на хумани граѓани кои веднаш изразија желба да помогнат.

-Загрозено е домувањето на сопственикот, на кој од самите фотографии може да се види дека огнот му пеплоса се што имаше. Деновиве му е потребна нашата помош, па затоа упатуваме апел до сите, да помогнеме, со средства, материјали за да се направи изгорената соба и да може човекот со големото срце кој сите Малешевци го познаваат, да има каде да се врати и рехабилитира, велат организаторите на акцијата за помош.

Во пожарот сопственикот на опожарената куќа беше хоспитализиран во болницата  во Кочани, поради изгореници на едната страна од телото.

-Се надеваме на негово брзо закрепнување бидејќи тоа е најважно. За сета потребна помош и донаторски акции, граѓаните на Берово дополнително ќе бидат известени, додаваат хуманите граѓани.

Официјалната прочина за пожарот се уште е непозната. Со цел избегнување на ваквите и слични појави од ТППЕ Берово апелираат до граѓаните на редовно чистење на димоводните канали на своите куќи бидејки најчестите причини во зима, како што додадоа, се јавуваат поради неисчистени оџаци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина