Бербок: Не смее да се дозволи Русија да ја попречува работата на ОБСЕ

Од:

Соработката во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) мора дополнително да се зајакне иако Русија постави огромни пречки на патот на работата на ОБСЕ во последните година и пол, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во своето обраќање на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

Бербок, исто така, порача дека нема да ја дозволат играта на Русија да ги уништи организациите кои се потпираат на мирен соживот и соработка.

– Како ниедна друга организација, ОБСЕ се залага за безбедност на повеќе од 1,3 милијарди луѓе, што значи дека тие сакаат да живеат заедно во мир и безбедност и добар економски развој, нагласи Бербок.

Фактот дека Русија не успеа да го уништи ОБСЕ „е важен придонес за нашиот мировен поредок“, рече шефицата на германската дипломатија, нагласувајќи дека „овој поредок на мир мора да продолжи“.

Бербок во своето обраќање на пленарната седница на Советот на министри на ОБСЕ посочи дека Русија го нападна европскиот безбедносен поредок со напад на Украина.

Таа потсети дека на минатогодишниот состанок 55 земји-членки одлучија да бидат на страната на меѓународното право и мир и рече дека со сите средства ќе го зачуваат европскиот безбедносен поредок и покрај обидот на Русија да го блокира буџетот на организацијата и неговата ефикасност.

„Бидејќи овој пат во оваа сала е застапена и Русија, иако не и нејзиниот министер, кој дојде само да зборува, а не да ги слуша другите, ви велам – „престанете со оваа војна која е насочена и против ОБСЕ“, рече Аналена Бурбок.

Таа нагласи дека за ова не се потребни никакви преговори, отстапки од Украина, туку само одлука на Русија да ги почитува принципите на ОБСЕ и да ги повлече своите војници.

Таа потсети и дека тројца офицери на набљудувачката мисија се уште се во руски притвор, што, како што вели, е брутално кршење на заедничките принципи на ОБСЕ.

„Ќе направиме се, доколку војната продолжи, да не дозволиме ОБСЕ да се скрши. Видовме дека иднината и вредностите се поважни од кога било“, додаде таа.

Бербок посочи дека е неопходно да се донесат одлуки во врска со назначувањето на раководни позиции во институциите на Организацијата за европска безбедност и соработка.

Таа наведе дека Германија не е подготвена за „компромисни компромиси“, бидејќи тоа сепак го смета за блокада.

„Ние прифаќаме компромиси, но не и компромиси за компромисите“, додаде таа.

Таа апелираше до сите земји-членки, кои, додаде, сакаат да слушаат, да направат се за да ја зачуваат ефикасноста на ОБСЕ преку заедничка одлука во корист на европскиот безбедносен поредок.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Бербок: Израел има право да цели на цивилни цели во Газа

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Аналена Бербок: Трамп шири лажни вести за Германија, во наш интерес е да ги одржуваме врските со САД

Горан Наумовски

Бербок: Ако „падне“ Украина, следна на мета е Молдавија