Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот и екстра лесното масло сега ќе чинат исто

Од:

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 0,50 денари за литар, додека цената на еуродизелот се зголемува за 3 денари за литар, соопшти доцна попладнево Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Во исто време цената на екстралесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголемува за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 останува непроменета.

Согласно оваа одлука од вечерва на полноќ максималната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 67,50 денари за литар, на еуросуперот БС-98 69,50 денари за литар, на дизелот и на екстра лесното масло по 58,00 денари за литар, а на мазутот 34,779 денари за килограм.

Регулаторната комисија информира дека денешната промена на Одлуката од 5 април 2021 година за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, е донесена согласно измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието.

– Одлуката доаѓа откако Собранието на РСМ ги изгласа измените на Законот за акцизите. РКЕ практично изврши усогласување на Одлуката со Законот што е на сила и сега малопродажната цена на екстра лесното масло за горење е изедначена со дизел горивото. Цените на нафтените деривати се прилагодени согласно новите износи на акцизите, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година

Поскапува дизелот

Не се менуваат цените на горивата

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ

Нови цени на горивата, бензините поскапуваат

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

А1он