Бензините поевтинуваат до 3,5 денари, а дизелот за 1,5

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари, односно за 3,5 денари, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 3,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 85 денари за литар.

Еуродизелот ќе се продава по 72 денари за литар, а цената на екстра лесното масло, која се намалува за еден денар, ќе изнесува 61 денар за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар, како и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

Би можело да ве интересира

Нови цени на бензините и дизелот

Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство

Поевтини горива од полноќ

Од полноќ поевтини горива

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

Поскапи горива од полноќ