Бендевска и Казанџиска со брза помош однесени на Ургентен

Од:

Пратеничките Весна Бендевска и Билјана Казанџиска кои беа повредени во инцидентот во Собранието се однесени во Ургентен. Како што информираат, кај Бендевска најверојатно се работи за потрес на мозокот и повреди на ногата, а кај Казанџиска во стомакот.

За време на прегледот, Бендевска имала притисок 200 со 110 и повраќала по пат до Ургентниот центар.

И двете пратенички беа повредени од собраниското обезбедување кое се обидуваше да го извлече од собраниската сала, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Од опозицијата реагираат зошто само пратениците од власта добиле картички за влегување во салата. Ова е класичен пуч и обид за да се изгласа веднаш буџетот.

„Сега очекуваме уште специјалците да влезат и да не избркаат насила од Собранието“, вели Јани Макрадули.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска