ВИДЕО: Белите мантили протестираа и во Тетово

Од:

Донесување закон за здравствени работници, покачување на платите според степенот на образование, модификација на моделот за плаќањето по учинок. Ова се барањата со кои денеска на протест излегоа здравствените работници од тетовската клиничка болница. Протестираа половина час за време на паузата.

Претседателот на Општинскиот одбор на Лекарска комора – Тетово, д-р Илбер Бесими изјави дека овие барања во целост се совпаѓаат со барањата на сите лекари во земјава. Да излезат на протест договориле на собранието на тетовската комора, одржано минатата недела.

Здравствените работници од тетовската клиничка болница најавија дека допрва ќе се договаат дали протестот ќе продолжи и во следните денови за време на паузите.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор