Беличанец Алексиќ најавува интензивна соработка со бизнис заедницата

Од:

Општина Кисела Вода од 25 март ќе биде отворена за уште поинтензивна соработка со бизнис заедницата, најави кандидатот за градоначалник на ВМРО–ДПМНЕ Билјана Беличанец Алексиќ по денешната средба со Управниот одбор на Сојузот на стопански комори (ССК).

– Општина Кисела Вода нуди огромни можности. Ако победам на претстојните избори, ќе се залагам, она што досега можеби се одвивало со побавно темпо, многу побрзо да се реализира, во секоја насока, посебно во економска. Двете страни ќе гледаат да си ги задоволат потребите, и локалната самоуправа и бизнис заедницата, рече Беличанец Алексиќ која пред бизнисмените ја презентираше својата предизборна економска програма.

Стопанствениците укажаа на досегашните недоследности, неефикасна и бавна администрација, се уште недонесени детални урбанистички планови, немање приоритет во однос на потребната инфраструктура.

Според Мирче Чекреџи од ССК, средбите со кандидатите за градоначалници се многу корисни бидејќи, како што нагласи, двете страни учат, бизнисот за локалната самоуправа и обратно.

– Имавме можност да укажеме на главните недостаци кои ги продуцира локалната администрација, а кои оневозможуваат придвижување на бизнисот. Бараме компетентна и стручна администрација која ќе биде сервис на бизнисот, брзо и квалитетно да не услужува, посебно нас зашто сме одговорни за економскиот развој, рече Чекреџи, нагласувајќи дека локалната заедница не може да направи ништо без стопанствениците.

Во изборните периоди, додаде, бизнисот ги стопира барањата до Владата зашто во фокусот се изборните кампањи кои одзмеаат многу простор во медиумите, но и во ангажманот на политичките елити.

– Нашите економски барања ќе ги испорачаме по завршувањето на изборите кога и впрочем ќе бидеме начисто со кого ќе разговараме, истакна Чекреџи, одговорајќи на новинарско прашање во врска со влијанието на изборите врз стопанството.

На средбата во ССК присуствуваше и носителот на листата за советници од коалицијата „За подобра Македонија“ Трајче Донев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти