Бектеши во официјална посета на Албанија

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија.

За време на посетата Бектеши ќе присуствува на церемонијата на потпишување на Меморандумот за разбирање помеѓу Македонски енергетски ресурси АД Скопје и АЛБГАЗ од Тирана, кој има за цел воспоставување и развивање деловна соработка за развој на преносните мрежи на природен гас во двете земји.

Бектеши ќе оствари средби и со министерот за енергетика Дамјан Гикнури, министерот за економија и финансии Арбен Ахметај и министерот за дијаспора Пандели Мајко, како и со градоначалникот на Тирана, Ерјон Велиај.

Би можело да ве интересира

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога

Судија убиен во апелацискиот суд во Тирана

А1он

Албанија има најниска минимална плата во Европа

А1он

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето