А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Бектеши: Нема опасност ЕЗ да предложи санкции за земјава

by А1он12/02/2020 - 15:56477
Share0

Нема опасност Енергетската заедница (ЕЗ) да предложи санкции за земјава заради субвенционирањето на производството на електрична енергија од јаглен, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Следете a1on на Instagram Instagram

“Ние имавме проблем со ЕЗ во минатото и беа отворени два спора кои ги надминавме со реформите кои ги спроведовме во текот на изминатите две години. Напротив, мислам дека сега ситуацијата е спротивна, имајќи во предвид дека има конкретни извештаи што се објавени од страна на ЕЗ во кои концизно се наведува дека Република Северна Македонија е шампион во регионот во реформите спроведени во енергетскиот сектор”, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека и денешниот настан во Владата, на кој се промовира јавниот оглас за изградба на фотонапонска електрана со инсталирана моќ од 100 мегавати на просторот на поранешниот рудник за јаглен во Осломеј по пат на јавно-приватно партнерство покажува дека детално се спроведува новата стратегија за трансформација на енергетскиот сектор која е изработена во соработка со Секретаријатот на ЕЗ.

Секретаријатот на ЕЗ неодамна го предупреди регионот дека продолжува со субвенционирање на производство на електрична енергија од јаглен.

Следете a1on на Youtube YouTube
energetska zaednicakresnik bektesiministerstvo za ekonomijasankcii

Би можело да ве интересира

Нов фронт меѓу Берлин и Москва: Мерц подготвува остри мерки против Русија

Горан Наумовски29/08/2026 - 19:05

Украина воведе санкции и против цртаниот филм „Маша и медо“

А1он21/08/2026 - 17:51

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени кон девет субјекти и три поединци

Горан Наумовски20/08/2026 - 22:10

Зеленски воведува неколку нови пакети санкции против Русија

Горан Наумовски20/08/2026 - 21:14

ЕУ го подготвува најголем удар против Русија од почетокот на војната

Горан Наумовски17/08/2026 - 15:23

Сенатот на САД одобри нов пакет санкции против Русија, предвидени и царини до 100%

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 20:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео