Беќаровски: Фирмите да им дозволат на лицата со поствакцинален синдром да отсуствуваат од работа

Од:

Лицата кои ќе развијат таканаречен поствакцинален синдром, кој е обично лесен и трае од 24 до 48 часа треба да имаат можност да отсуствуваат од работните места еден до два дена, бидејќи во спротивно, ќе имаме се помал одзив за вакцинација, апелира проф. д-р Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија, кој често помага со совети на граѓаните во корона-кризата.

Тој на својот профил на „Фејсбук“ пишува дека има сознанија дека одредени фирми не ги пуштаат своите вработени да отсуствуваат од работното место дента кога ќе се вакцинираат, иако дел од нив развиле поствакцинален синдром.

„Од 1 до 3 отсто од вакцинираните развиваат таканаречен поствакцинален синдром, кој обично е лесен и се манифестира со болна осетливост, температура, малаксалост. Овој синдром трае 24-48 часа. Мора да разбереме дека за успешна вакцинација на вработените во приватниот сектор мора да се обезбедат и услови за сите кои ќе развијат поствакцинален синдром да отсуствуваат од работното место, а не по секоја цена да се присилуваат веднаш по вакцинацијата да се вратат на своите работни места. На овие лица мора да им се овозможи да отсуствуваат 1-2 дена од работното место без да бидат изложени од закани. За да не се злоупотреби оваа можност од вработените, може да постои клаузула за одработување на ова отсуство, каде технолошкиот процес тоа го дозволува, или наједноставно да се одземе 1-2 дена од годишниот одмор“, пишува Беќаровски.

Тој апелира до надлежните во Министерството за здравство и Министерството за правда да изнајдат начин како овој проблем безболно да се разреши.

„Во спротивно ќе имаме се помал одзив за вакцинација во оваа екстремно вулнерабилна популација, а со тоа ќе биде компромитиран и целиот процес за создавање на колективен имунитет. Само здрав, задоволен и заштитен работник е продуктивен на своето работно место“, вели Беќаровски.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска