Беким Сали e именуван за прв вицепремиер на денешната владина седница

Од:

На денешната седница на Владата, Беким Сали официјално беше именуван за Прв заменик-претседател на Владата.

По именувањето, Сали истакна дека функцијата ја доживува како голема доверба, но и како сериозна морална и национална обврска да работи во интерес на сите граѓани, без разлика на нивната припадност.

Тој потсети на резултатите што, според него, Владата ги постигнала во изминатите речиси две години, наведувајќи ги вработувањето и унапредувањето на илјадници млади лица, обезбедувањето средства за изградба на Кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, финансиската поддршка за општините, решавањето на статусот на Медресето, како и постигнатиот економски раст.

Сали нагласи дека Владата ја очекуваат бројни проекти и сериозни предизвици во наредниот период, но увери дека ќе продолжат со максимална посветеност, енергија и мотивација, со цел сите ветувања дадени пред граѓаните да се реализираат преку конкретни активности и видливи резултати.

Би можело да ве интересира

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и Беким Сали за министер за евроинтеграции

А1он

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски

Беким Сали станува прв вицепремиер, а Мухамед Хоџа ќе биде министер за екологија

Беким Сали го наследи Филипче во МЗ, сега седнува во фотелјата на Меџити како вицепремиер

А1он

(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

А1он