Беким Незири на распит во полиција за нападот во контрола на летање

Од:

Беким Незири, кој им дозволи на насилници да влезат во згратата на М-НАВ и физички да нападнат вработени, во моментов е во полициска станица и со него се врши разговор.

Информацијата за А1он ја потврдија и од МВР.

„Во врска со вчерашниот напад врз вработени во МНАВ, во полициска станица по налог на ОЈО се врши службен разговор со Б.Н..“ велат од МВР за А1он

Незири од утрово e во полициска станица и со него се врши разговор по налог на обвинителството. Според информациите, претседателот на партискиот огранок на ДУИ во Чаир, со својата картичка пропуштил луѓе кои не биле вработени во контролата, а кои физички нападнале дел од вработените.

За потсетување, вчера 8 лица упаднале во просториите каде што е сместен радарот и контролата на летање. Не биле сопрени од обезбедувањето, а со нив бил и вработен кој со неговата картица им овозможил да влезат во објектот.

Вработените во контрола на летање се соочуваат со голем притисок откако дадоа поддршка на синдикатот кој пак се противи на новите вработувања, односно критериумите кои се бараат за лицата.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Осомничените во М-НАВ не можат веќе да влијаат на постапката, затоа е укинат притворот

Укинат притворот за шестмината во М-НАВ: обвинителство побара, судот одлучи

Предраг Петровиќ

Беким Незири ги предводеше бандитите во М-НАВ, а веќе денеска е дома реагира ВМРО-ДПМНЕ

Укинати притворите на Беким Незири и Алмир Рамдедовиќ

Обвинителство: Лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ

Предраг Петровиќ

Притвор за осомничениот за М-НАВ кој беше уапсен на границата со Косово