Бејли во посета на Битола

Од:

Aмбасадорот на САД Џес Бејли, на крајот од својот амбасадорски мандат во земјава, кој истекува на почетокот на месец март, оствари работна средба со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

На средбата, како што соопштија од општината, беше разговарано за веќе добро етаблираните односи на амбасадата на САД и Општина Битола.

Петровска изрази голема благодарност до амбасадорот за одигрувањето на клучната улога при приклучувањето на нашата земја во Северно-атланската алијанса. Со овој чекор земјата се наоѓа пред историски момент, затоа што допрва ќе бидат почувствувани придобивките од областа на зголемената безбедност, што пак претставува и сигурност за идните инвеститори на економски план, посочи Петровска.

Таа го истакна значењето на готовата железничка траса кон граничниот премин Меџитлија, која и по железнички пат треба да ги олесни комуникациите меѓу двете земји, особено за размена на стоки, значајни за производствениот сектор.

Проектите кои што се реализирани на територијата на Општина Битола, а се потпомогнати од страна на Американската амбасада и УСАИД, исто така се најдоа во фокусот на средбата, велат од општината.

Амбасадорот ја потврди одличната соработка на општината и американското катче при што го потенцираше и одржаниот саем на креативци, како можност за развојот на претприемачкиот дух на младите. Градоначалничката Петровска ги посочи можностите за натамошна соработка, согласно потенцијалите кои Битола ги нуди како пограничен регион, опкружен со многу природни убавини, а истовремено и со големи економски потенцијал.

Би можело да ве интересира

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал

Битола по теркот на светските џез сцени: Национален Џез Оркестар и Мартин Ѓаконовски – Шпато со изведби посветени на Реј Браун

Предраг Петровиќ

Поголем дел од Битола без вода за пиење

Катерина Ѓуровски

Пет „Ер трактори“ и еден канадер ќе интервенираат на пожарот во Битола

Пожарите над Битола и кај Радовиш ставени под контрола

Катерина Ѓуровски